ВИДЕО: Северна Кореја на утрешната воена парада се очекува да претстави ново моќно оружје

пред 4 години

Во сабота по повод 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија најверојатно ќе се оддржи традиционалната воена парада во Пјонгјанг, Северна Кореја.

„Подготовките за парадата се во завршна фаза“, пренесе воен извор за Ројтерс.

Властите од Јужна Кореја претходно оваа недела изјавија дека очекуваат стратешко оружје да биде претставено на парадата што треба да се оддржи во соседната земја.

„Постои можност Северна Кореја да претстави ново стратешко оружје, како што е интерконтиненталната балистичка ракета или балистичката ракета за подморници“, рече јужнокорејскиот министер за обединување на двете земји Ли Инг Јунг, додавајќи дека тоа може да биде демонстрација со помал интензитет.

Државните медиуми објавија дека луѓето со заштитни маски на лицето се собрале на плоштадот во Пјонгјанг во пресрет на големата воена парада.

Се додава дека лидерот на Северна Кореја не презентирал ново оружје на воената парада од средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година и дека оттогаш преговорите се во застој.

Агенцијата Јонхап пренесе дека високи севернокорејски функционери утрово го посетиле мавзолејот во кој се погребани водачите на земјата, но дека Ким не е меѓу нив и дека во негово име е оставена корпа со цвеќиња на гробовите на неговиот татко и дедо Ким Јонг Ил и Ким Ил Сунг.

Scroll to Top