(Видео) Хаос на протестот за Денот на жената во Истанбул, полицијата употреби бибер-спреј

пред 1 година

Турската полиција употреби бибер-спреј за да растера група демонстранти кои се собраа во центарот на Истанбул по повод Меѓународниот ден на жената.

Жените носеа свирчиња и извикуваа слогани како „Не сакаме да молчиме, не се плашиме и нема да послушаме“, додека полицијата ги туркаше со штитови.

Полицијата ја спречи толпата да маршира низ центарот на градот, откако локалните власти објавија соопштение во кое објавија дека нема да дозволат маршеви и демонстрации.

Толпата извикуваше дека владата треба да поднесе оставка.

Демонстрациите се одржаа на нешто помалку од два месеци пред изборите, кои, според аналитичарите, претставуваат најголем предизвик за владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Scroll to Top