ВИДЕО: Хорор во Јемен напад на аеродромот во Аден, најмлку 26 жртви

пред 3 години

Најмалку 26 луѓе загинаа, а над 50 се повредени во експлозии на аеродромот во Аден, привремената престолнина на Јемен, каде штотуку пристигна новата влада на национално единство, вклучително и еден министер кој ги обвини бунтовничките хутисти за нападот.

„ Овие терористички напади нема да ја обесхрабрат легитимната влада да ги извршува своите должности“, рече јеменскиот претседател Абд Рабо Мансур Хади, без да го именува виновникот, објави официјалната новинска агенција Саба.

Но министерот за надворешни работи Ахмед бин Мубарак ги обвини хутистите, јеменски бунтовници кои со помош на Иран започнаа офанзива кон главниот град Сана во септември 2014 година и освоија голем дел од земјата, предизвикувајќи крвава војна.

„ Врз основа на сите информации што ги имаме, нападот врз владата го извршија хутистите“, напиша тој на Твитер.

Најмалку две експлозии се слушнале кога слетал авионот со членовите на владата, а официјалните лица започнале да излегуваат од авионот, пренесуваат светските медиуми.

Прво, се слушнаа детонации и истрели, а потоа од зградата на аеродромот почна да се крева густ чад, додека остатоците летаа наоколу, предизвикувајќи паника кај присутните, според снимките на саудиската телевизија од Ал-Хадата.

Цивили, чувари и локални лидери се меѓу жртвите, а членовите на владата се добро, изјави за АФП портпаролот на владата Рахех Бади, повикувајќи на „меѓународна истрага“.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека нивниот вработен е убиен, а тројца се повредени.

Scroll to Top