Крвавиот напад на аеродромот во Јемен однесе најмалку 16 животи, над 60 луѓе се повредени

пред 3 години

Најмалку 16 луѓе загинаа, а околу 60 се повредени во денешните експлозии на аеродромот во Аден, во моментот кога слетувал авионот со членовите на новата јеменска Влада на национално единствo, јавија американските медиуми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Според видеата што се лиферуваат на социјалните мрежи, а на кои се гледа како министрите излегуваат од авионот, никој од нив не е повреден.

Министерот за комуникации Нагиб ал-Авг, кој бил во авионот, за американските медиуми изјави дека слушнал две експлозии и дека претпоставува дека станува збор за напад со беспилотни летала.

Друг владин претставник кажа дека во нападот се убиени најмалку 16 лица, а околу 60 се повредени.

Специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Мартин Грифитс, нападот го оцени како „неприфатлив чин на насилство“.

Новите министри се враќаа во Аден по заклетвата што ја дадоа минатата недела по реконструкцијата на владата, откако се постигна договор со бунтовниците во јужен Јемен.

Меѓународно признаената влада на Јемен главно работеше од Ријад, каде замина по сопствена иницијатива во 2015 година поради граѓанската војна во земјата.

Scroll to Top