(Видео) Хрватскиот амбасадор во Белград со насолзени очи: Зборови не можат да опишат колку значи оваа поддршка

пред 3 години

Денеска пред хрватската амбасада во Белград се одржа митинг во знак на солидарност со жртвите од разорниот земјотрес во Хрватска.

Како што пренесува „Нова.рс“, на собраните пред амбасадата им се обратил хрватскиот амбасадор во Србија, Хидајет Бишевиќ, кој крајно емотивно реагираше на пораките за поддршка.

На прашањето колку за него значи доаѓањето на луѓето на митингот за солидарност, Бишевиќ на работ на солзи рече: „Тешко е… Право да ви кажам, тешко е да се опише со зборови колку значи ова. Ви благодарам“.

На собирот за солидарност пред хрватската амбасада во Белград, активистката Аида Чоровиќ рече дека ниту короната, ниту дождот, ниту земјотресите не можат да ги спречат белграѓани да ги сакаат своите пријатели, да промовираат меѓусебна почит и, како што кажа, во овие сурови прилики, со солидарност и поддршка да покажат дека луѓето на овие простори имаат многу повеќе заеднички работи отколку разлики.

Scroll to Top