ВИДЕО: Шефицата на данската агенција за лекови се онесвести пред камерите

пред 3 години

Директорката на данската државна агенција за лекови Тања Ериксен денеска се онесвести за време на прес-конференција на која официјално објавуваше дека земјата престанува да ја користи вакцината на компанијата „АстраЗенека“.

Моментот кога Ериксен одненадеж се сруши на бината го забележаа многубројните камери.

Неколкумина од присутните притрчаа да ѝ помогнат на директорката, која по ова се освестила и била пренесена во болница како мерка на претпазливост. Ериксен се чувствува добро, објави вечерта нејзината агенција.

Scroll to Top