„Вијести“: Рама во понеделникот се сретнал и со Ѓукановиќ

пред 4 години

Албанскиот премиер Еди Рама за време на неофицијална и ненајавена посета на Црна Гора во понеделникот, се сретнал и со црногорскиот претседател и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.

Рама во понеделникот разговараше со една од двете албански политички опции, носителот на Албанската листа, Ник Ѓељошај.

Повикувајќи се на извори од малцинските партии, „Вијести“ пишува дека Рама истиот ден се сретнал и со Ѓукановиќ.

Од Кабинетот на Ѓукановиќ наведуваат дека не одговориле на нивното прашање за средбата меѓу него и Рама, со оглед на тоа што посетата на албанскиот премиер не беше најавена.

Scroll to Top