Вонредната состојба во Вашингтон ќе трае до инаугурацијата на Бајден

пред 3 години

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуријел Баузер ја продолжи вонредната состојба до 21 јануари односно еден ден по инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.

– Вчерашните протести според Првиот амандман станаа насилни. Голем број луѓе пристигнаа во главниот град вооружени и учествуваа во насилство и уништување. Тие фрлаа хемиски супстанци, камења, шишиња и пукаа од пиштол, истакна Баусер.

Припадници на Националната гарда ќе бидат распоредени во Вашингтон, по вчерашните насилни и упадот во зградата на Конгресот, при што загинаа четири лица.

Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден, а досегашниот претседател на САД Доналд Трамп најави мирно предавање на функцијата.

Scroll to Top