Чешка: Вонредната состојба најверојатно ќе се продолжи до крајот на април

пред 3 години

Владата на Чешка поради пандемијата со Ковид-19 планира да ја продолжи вонредната состојба до 27 април. Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек изјави дека е неопходна таква мерка.

Вонредната состојба треба да биде одобрена од страна на Парламентот, кој може да побара и пократок период.

Ситуацијата во земјата, која брои 10,7 милиони жители постепено се подобрува. Чешка претходно ги повика други земји, како Германија и Полска, да помогнат во лекувањето на пациентите со Ковид-19.

– Во моментов, се чини дека можеме да ја контролираме ситуацијата со наши сопствени ресурси, истакна Хамачек.

Во меѓувреме, надежите дека лекот ивермектин, за инфекции со паразитски црви, може да ја третира болеста, беа уништени. Владата имаше дистрибуирани 10.000 пакети ивермектин до болниците, но Европската агенција за лекови (ЕМА) експресно советуваше да не се употребува лек надвор од клиничките студии, поради недоволни информации.

Од почетокот на пандемијата, во Чешка регистирани се повеќе од 1,4 милиони заразени луѓе со Ковид-19 и 24.810 смртни случаи.

Scroll to Top