Брод со 35 мигранти се превртел кај Канарските острови, четворица се удавиле

пред 3 години

Брод со 35 мигранти од Магреб вчера се превртел додека се движел кон Канарските острови, пренесоа британскиите медиуми.

Шпанските власти соопштија дека четири лица биле пронајдени мртви, 28 биле спасени, а по неколкумина се уште се трага.

Само годинава на Канарските острови пристигнаа 17. 000 мигранти, десет пати повеќе од минатата година, откако жителите на земјите од Северна Африка ги загубија приходите од туризмот, што се сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот.

Шпанската влада во петокот вети дека ќе учествува во изградбата на прифатилиште за мигранти, додека локалните власти апелираат за помош за сместување на неколку илјади луѓе кои спијат на отворено.

Scroll to Top