Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

пред 4 години

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак на Твитер објави дека на денешното продолжение на дијалогот ќе се разговара за заемни финансиски побарувања, но не и за Заедницата на српски општини. Брисел, 17 септември 2020 (МИА) – Делегациите на Србија и Косово денеска ќе го продолжат техничко-експертските разговори за нормализирање на односите. Европската унија, која е медијатор, најави дека ќе продолжат разговорите за темите покренати на последниот состанок на високо ниво, одржан на 7 септември во Брисел. – Се работи за ангажмани за немнозинските заедници и решавање на заемни финансиски побарувања и имот, што е дел од законски обврзувачки договор, рече портпаролот на ЕУ, Питер Стано. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак на Твитер објави дека на денешното продолжение на дијалогот ќе се разговара за заемни финансиски побарувања, но не и за Заедницата на српски општини. зш/

Извор: mia.mk

Scroll to Top