Во Британија за 24 часа дадени се повеќе од 600.000 дози вакцини

пред 3 години

Во Велика Британија во последните 24 часа дадени се повеќе од 600.000 дози вакцини против коронавирусот, објавија британските власти.

Според податоците, во петокот на граѓаните на Велика Британија им биле дадени 119.306 први дози, а 485.421 ја примиле втората доза од вакцината, пренесува Ројтерс.

Во истиот период, во Британија се регистрирани 2.206 нови случаи на коронавирусот, а починале 35 лица.

Scroll to Top