Повеќе од милијарда дози вакцини против коронавирус се дадени ширум светот

пред 3 години

Дадени се повеќе од една милијарда дози вакцини против коронавирус ширум светот, пет месеци по почетокот на масовната вакцинација, објави вечерва агенцијата Франс Прес.

Според оваа агенција точно 1.002.938.540 дози на вакцина се дадени во 207 земји и територии.

Околу 58 проценти од вкупниот број вакцини се дадени во три земји – САД со 225.5 милиони дози, Кина со 216.1 милиони дози и во Индија 138.4 милиони дози вакцини.

Во Европската Унија се дадени 128 милиони дози вакцини, што е 21% од популацијата, анализира овој медиум.

Вакцинацијата не е започната во 12 земји, поточно во Африка – Танзанија, Мадагаскар, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканска Република, Еритреја, во Океанија – Вануату, Самоа и Кирибати, во Азија – Северна Кореја и на Карибите – Хаити.

И покрај општите полемики, вакцината на „Астра зенека“ е најраспространета. Потоа следат вакцините од „Фајзер/-Бионтек“, на „Модерна“ следни се „Синофарм“, „спутник В“ и „Синовак“.

Scroll to Top