Во Бугарија регистрирани 327 новозаразени од Ковид-19

пред 4 години

Во последното деноноќие во Бугарија 327 лица се новозаразени од Ковид-19 од спроведени вкупно 2.257 ПЦР-тестови.

Најмногу нови случаи има во главниот град Софија- 125, потоа следат Благоевград со 31 и Трговиште со 25.

За последните 24 часа во државата починале 10 лица.

2.036 се хоспитализирани низ цела Бугарија, од кои 146 се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега.

Во последните 24 часа се излекувани вкупно 122 лица.

Scroll to Top