Расте бројот на новозаразени во Грција и покрај карантинот, денеска регистрирани над 3.000 нови случаи

пред 3 години

По пауза од помалку од четири месеци, во Грција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи во еден ден, иако земјата од почетокот на ноември е во карантин.

Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 3.215 нови случаи од кои речиси половина се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, вкупно 484, седум повеќе од вчера, додека пак починаа 46 лица.

Последен пат над 3.000 новозаразени имаше на 19 ноември минатата година, 12 дена по почетокот на карантинот што сè уште е во сила.

Паралелно веќе четири месеци, освен карантинот, во Грција има и полициски час, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е од 11 февруари, а од минатата седмица, има дополнителни ограничувања на движењата на граѓаните.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 209.462 случаи на Ковид-19 и починаа 6.843 лица.

Scroll to Top