Во САД за првпат регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа

пред 3 години

САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот коронавирус.

Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера.

Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период од една недела.

САД имаат најголем број заразени во светот од почетокот на пандемијата. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, таа цифра е – 21,8 милиони.

Scroll to Top