Во Вашингтон потпишан историски договор меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин

пред 4 години

Во Вашингтон беше потпишан историски договор за воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Договорот беше потпишан во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот во име на Израел го потпиша премиерот Бенјамин Нетанјаху, а ОАЕ и Бахреин ги претставуваа министрите за надворешни работи. Покрај индивидуалните билатерални договори меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин, трите земји потпишаа и трилатерален документ. Документите се нарекуваат „договорите на Абрахам“, а ги потпиша и Трамп како сведок. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top