Во Германија истрага против лекар кој украл вакцина за тешко болна сопруга

пред 3 години

Полицијата во Германија води истрага против лекар кој украл доза вакцина против Ковид-19 од центар за вакцинација, а станува збор за 69-годишен лекар во пензија кој бил ангажиран за вакцинација.

Осомничен е дека украл доза од вакцината, но не за себе, туку за сопругата за која рекол дека е тешко болна.

Докторот ја ставил дозата на вакцината во шприц, ја извадил од салата каде што се вршела вакцинација и и ја дал на сопругата. Кражбата веднаш била забележана и лекарот бил отпуштен.

Инцидентот се случил на 18 јануари, но сега е објавен во јавноста, објави весникот „Билд“.

Scroll to Top