Протести во Варшава против законот за абортус

пред 3 години

Голем број луѓе маршираа денес во Варшава во знак на протест против одлуката на високиот суд за натамошно заострување на веќе рестриктивниот закон за абортус.

Протестот беше организиран од „Женски штрајк“, група која стои зад низата масовни протести низ целата земја откако беше донесена пресудата за абортус на 22 октомври.

Полскиот Уставен суд одлучи дека прекинувањето на бременоста во случај на фетусна малформација е противуставно, со што ја забрани најчестата од неколку законски основи за прекинување на бременоста во Полска.

Ова значи дека абортусот во Полска е дозволен единствено во случај на силување, инцест или поради закана за здравјето и животот на мајката, што претходните години беа причина за низок процент на легални прекинувања на бременоста во Полска. Во 2019, , околу 98% од сите легални абортуси во Полска, според податоци на Министерството за здравство во Полска, беа извршени токму поради аномалија на фетусот. Оваа одлука, значи, е практично целосна забрана на безбеден и легален абортус.

Scroll to Top