Во САД почна вакцинирање со вакцината на „Модерна“

пред 3 години

Болничарка од американската држава Конектикат е вакцинирана денеска пред камери со вакцината против Ковид-19 од фармацевтската компанија „Модерна“, со што почна вакцинацијата со таа вакцина во САД, втора која беше одобрена по итна постапка.

Најавено е дека првите вакцинации со вакцината на „Модерна“, една недела од почетокот на вакцинирањето со заедничката вакцина на американската компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“, ќе почнат денеска во различни делови на САД.

Вакцината на „Модерна“ против коронавирус ја одобри за итна употреба во петокот американското регулаторно тело.

Scroll to Top