Во Самоа регистриран првиот случај на коронавирус

пред 3 години

Властите во пацифичката островска Независна држава Самоа го регистрираа првиот случај на коронавирус во архипелагот, изјави премиерот Туилепа Саилеле Маилелегаои при денешното обраќање до јавноста.

Премиерот истакна дека првиот кој бил заразен е морнар кој се вратил дома од градот Окланд на Нов Зеланд и во моментот е во карантин.

Премиерот Маилелегаои ги повика своите сонародници да ги почитуваат безбедносните мерки и да носат маски.

Во Самоа е прогласена вонредна состојба од 26 март, поради пандемијата. За кршење на санитарните и епидемиолошките барања, глобата е 7,5 илјади американски долари.

Scroll to Top