Самоа и Кирибати први ја дочекаа Новата 2021 година

пред 3 години

Пацифичката островска држава Самоа и делови од Кирибати беа првите во светот што влегоа во 2021 година.

Овие две територии се најистурените временски зони.

Двете земји беа отсечени од светот поради пандемијата на Ковид-19, поради што ни прославите не беа вообичаени.

Покрај тоа, има проблеми и во овој дел од светот поради зголемувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени.

Самоа и Кирибати во моментов се затворени за туристи, а немаше огномет на полноќ по локално време.

Scroll to Top