Во Словенија двапати повеќе новозаразени од вчера, министерот бара нови мерки

пред 4 години

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 2.217 нови случаи на коронавирус, што е двојно повеќе од претходниот ден.

Словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар,соопшти дека биле тестирани 7.515 лица, така што уделот на позитивни луѓе бил 29,5 проценти, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имало 24 проценти од нив.

Гантар повика на поостри мерки на „Твитер“, прашувајќи се дали има некој што се сомнева дека се итно потребни.

„Станува збор за здравјето на луѓето“, напиша Гантар пред владината седница на која ќе се дискутира за понатамошните ограничувања.

Scroll to Top