Во Словенија 2.217 новозаразени, министерот за здравство бара построги мерки

пред 4 години

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 2.217 нови случаи на коронавирус, што е повеќе од двојно од претходниот ден.

Според министерот за здравство Томаж Гантар, тестирани се 7.515 лица, од кои 29,5 проценти се позитивни, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога тој процент беше 24.

Гантар на Твитер се заложи за построги мерки, прашувајќи дали има некој друг кој се сомнева дека тие се итно потребни.

„Се работи за здравјето на луѓето“, напиша Гантар пред владината седница на која ќе се разгледуваат други рестрикциски мерки.

Scroll to Top