Во Србија рекордни 2.412 позитивни на коронавирус, само во Белград над 1.000 нови случаи

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 12.617 лица, од нив 2.412 се позитивни, а починати се шест лица, со што за првпат бројот на заразени ја надмина бројката од над 2.000 лица позитивни на Ковид-19.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Торлак“, на респиратори во болниците во Србија се наоѓаат 53 пациенти.

Во Србија вчера беа регистрирани 1.878 позитивни од 10.962 тестирани лица и 11 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од последиците на Ковид-19 од 16 јули, кога имаше 13 смртни случаи.

Со денешниот рекорд на заразени со Ковид-19 се исполнија најавите на премиерката Ана Брнабиќ, која изјави дека денеска се очекуваат над 2.000 новоинфицирани со коронавирус, од кои повеќе од 1.000 се само во Белград.

До денеска во Србија вкупно се хоспитализирани 2.014 заболени лица, а поради големиот број дневни приеми на пациенти во болниците, министерот за здравство Златибор Лончар преупреди дека постои опасност да се исцрпат капацитетите на здравствениот систем, бидејќи непостои неограничен број на обучен здравствен персонал.

Scroll to Top