Во Србија 4.426 новозаболени со коронавирус, 51 лице починало

пред 3 години

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 4.426 новозаболени лица со коронавирус, а 51 лице починало.

Во последните 24 часа биле тестирани 16.617 лица, а 2.188.004 од почетокот на епидемијата.

Хоспитализирани се 6.772 лица. Досега починале 2.833 лица, а стапката на смртност е 0,91 процент.

Србија утре ќе почне со вакцинирање против кронавирусот, а први на листата се корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Scroll to Top