Во Турција започна вакцинацијата со кинеска вакцина

пред 3 години

Турција започна со вакцинација против коронавирус, а вакцината на кинеската компанија „Синовак“ први ја примија здравствените работници во болниците низ целата земја.

Откако беше одобрена итна употреба на кинеската вакцина, министерот за здравство и членовите на Националниот научен совет беа вакцинирани пред камерите.

По здравствените работници, вакцинирани ќе бидат лица постари од 65 години, пренесува АП.

Турција минатата година прими три милиони кинески вакцини и треба да пристигнат вкупно 50 милиони дози.

Scroll to Top