Во Црна Гора 66 нови случаи на коронавирус

пред 3 години

Во Црна Гора четири лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 66 нови случаи, објави Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.540.

Вкупниот број на активни случаи на коронавирус е 1.804.

Од почетокот на пандемијата во март минатата година, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 98.303.

Scroll to Top