Германските пожарникари донесоа 110 тони помош во Сисак

пред 3 години

Германски противпожарни служби од провинцијата Баден-Виртемберг вечерва доставија 110 тони пожарникарска опрема, медицинска опрема и храна во Сисак за подрачјето погодено од земјотресот во округот Сисак-Мославина.

Конвој од 11 противпожарни возила и три возила на германскиот Црвен крст ја доставија помошта. Покрај опремата и храната, тие донираа и две противпожарни возила за погодената област.

Конвојот беше пречекан од главниот командант на противпожарната служба Славко Туцаковиќ, командантот на противпожарната бригада Сисак-Мославина, Мијо Брлешиќ и командантот на противпожарната бригада Сисак, Мирослав Голуб.

„ Оваа опрема ќе им помогне на нашите пожарникари на терен, а остатокот од материјалот ќе биде дистрибуиран до други служби. Овде се покажа дека сите пожарникари имаат иста желба – да им помагаат на луѓето кои имаат потреба”, рече Туцаковиќ и се заблагодари за донацијата.

Противпожарната опрема ќе се растовари во Јавната противпожарна бригада Сисак, додека другата опрема, храна и материјали ќе бидат дистрибуирани до магацините.

Scroll to Top