Грција ѝ го предаде на Германија претседателството со Советот на Европа

пред 4 години

На онлајн манифестација, поради пандемијата, наместо во живо во Атина како што беше првично планирано, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, му го предаде претседателството со Советот на Европа.

Варвициотис рече дека е многу важно што приоритетите на германското претседателство се слични со грчките од изминатите шест месеци и изрази поддршка за Берлин.

Паралелно истана дека за време на претседателството акцентот беше ставен на промоција на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, особено за време на пандемија.

Целото шестмесечно грчко претседателство беше дигитално, поради околностите наметнати од пандемијата.

Scroll to Top