Демократите во понеделник ќе поднесат барање за отповикување на Трамп

пред 3 години

Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат во понеделник да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија.

Според извештаите, во верзија на поднесокот на Демократите, кој доаѓа по насилниот упад на приврзаници на Трамп во зградата на Конгресот во средата, пишува:

„…Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување. Тој се закануваше на интегритетот на демократскиот систем, се мешаше во мирната транзиција на власта и загрози дел од власта. Со тоа изврши предавство на својата доверба како претседател, на очигледна штета на народот на САД“.

„Затоа, претседателот Трамп, со такво однесување, демонстрираше дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата и постапи на начин грубо несоодветен со владеењето на правото. За претседателот Трамп треба да има импичмент и судење, смена од функцијата и дисквалификација…“

Според медиумот, барањето за отповикување ќе го поднесат конгресмените Дејвид Сисилин, Тед Лиу и Џеjми Раскин.

Scroll to Top