Опозицијата поднесе барање за отповикување на словенечкиот премиер Јанша

пред 3 години

Четири словенечки опозициски партии поднеле барање со кое од Собранието се бара да покрене постапка пред Уставниот суд за отповикување на премиерот Јанез Јанша.

Опозицијата го обвинува за кршење неколку члена од Уставот, како и за неуспех во обезбедувањето доволно количини вакцини за земјата.

Во својот поднесок, Листата на Марјан Шарец (ЛМШ), Социјалдемократите (СД), Левицата и Партијата на Аленка Братушек (САБ) го обвинуваат Јанша за неколку точки, вклучително и мешање во медиумите и Обвинителството, загрозувајќи го уставното право за чиста вода за пиење и кршење на правото на референдум, јави словенечката агенција СТА.

За предлогот да успее, треба да биде поддржан од најмалку 46 од 90 члена на Националното собрание.

Законодавниот дом треба да одлучи за предлогот во рок од 60 дена.

Scroll to Top