Документацијата за анти-ковид вакцината мета на сајбер напад

пред 3 години

Европската медицинска агенција вели дека нивната документација поврзана со вакцината за Ковид-19 била мета на сајбер напад.

ЕМА работи на две вакцини за ковид кои се очекува да бидат потврдени за неколку недели.

Од Бионтек, кој подготвува една од вакцините во партнерство со Фајзер, велат дека сајбер нападот не би требало да влијае на тие планови.

ЕМА не објави детали за природата на сајбер нападот во нивното кусо соопштение, но велат дека е започната истрага.

Scroll to Top