Европскиот регулатор ЕМА ја одложи одлуката за одобрување на вакцината на „Модерна“

пред 3 години

Европската агенција за лекови денеска не излезе со препорака за употреба на вакцината против коронавирус на „Модерна’ во ЕУ.

„Комитетот за лекови за луѓе денеска не ги заврши разговорите за вакцината на Модерна. Разговорите ќе продолжат на 6 јануари“, соопшти ЕМА.

Доколку биде одобрена в среда, вакцината на Модерна ќе стане втора вакцина против Ковид-19 што ќе се појави на пазарот на ЕУ.

Scroll to Top