Вакцината на Фајзер одобрена за пилоти

пред 3 години

Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопшти дека одобрила употреба на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за пилоти и контролори на летање.

Американскиот воздухопловен регулатор информира дека пилотите и контролорите не смеат да летаат или да вршат безбедносни задачи 48 часа по приемот на доза на вакцината.

ФАА соопшти дека „ќе ја следи реакцијата на пациентите на вакцината на Фајзер/Биоонтек и може, по потреба, да ја прилагоди оваа политика за да се осигури безбедноста во авијацијата“.

Scroll to Top