ЕМА: До крајот на мај вакцина на „Фајзер“ за деца од 12 години

пред 3 години

Кук за германски „Ханделсблат“ изјави дека моменталната цел за одобрување е јуни, но дека се работи на забрзување на издавањето на дозволата до крајот на мај.

Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 потенцијално може да добие европско одобрување за употреба кај деца на возраст од 12 години до крајот на месецот, изјави денеска извршната директорка на Европската агенција за лекови (ЕМА) Емер Кук.

“Во моментов, целта е одобрувањето да биде во одреден момент во јуни. Се обидуваме да утврдиме дали можеме да го забрзаме до крајот на мај”, рече Кук во интервју за германскиот весник „Ханделсблат” и за некои други европски весници.

„Ни ветија информации од ревизијата спроведена од Канада во следните неколку недели и тоа може да ја забрза нашата ревизија“, рече таа, додавајќи дека одлуката зависи од земјите членки на ЕУ кога ќе започнат да ја даваат вакцината на возрасната група од 12-15 години по дозволата од ЕМА.

На 3 мај, агенцијата започна со проценка на употребата на вакцината „комирнати“, произведена од „Фајзер-Бионтек“, во возрасна група од 12 до 15 години, наведувајќи тогаш дека ги очекува резултатите од нејзината ревизија во јуни, пренесува „Ројтерс“.

Американските регулатори вчера ја одобрија вакцината за 12-годишници.

Претходно беше одобрена за употреба кај 16-годишници и постари лица во САД и Европа.

 

Scroll to Top