Фајзер бара од американските власти да ја одобрат вакцината за деца од 12 до 15 години

пред 3 години

Фајзер и БиоНТек потврдија денеска дека Европската агенција за лекови (ЕМА) понделе барање за проширување на примената на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Компаниите, претходно овој месец, поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД за својата вакцина, која е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години и во САД и во ЕУ.

Нивното барање е врз основа на позитивните резултати од клиничкото испитување во доцна фаза, кое опфатило 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија Фајзер и БиоНТек.

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски изјави неодамна дека очекува вакцината на Фајзер/БиоНТек да биде одобрена за деца од 12 до 15 години до средината на мај.

Scroll to Top