Етиопските бунтовници го нападнаа главниот град на Еритреја, Асмара

пред 3 години

Бунтовниците од Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) од етиопската држава Тиграј извршија ракетен напад врз Асмара, главниот град на соседна Еритреја, јави денеска радио станицата Ерена.

Неколку проектили, наводно, биле истрелани кон предградијата на Асмара, вклучувајќи го и аеродромот во градот. Нема извештаи за жртви и штети, пренесе Тасс.

Ова е трет напад врз Асамар. ТПЛФ на 14 ноември истрела три ракети кон главниот град на Еритреја, од кои две паднаа во близина на аеродромот.

Лидерот на ТПЛФ, Дебрецион Гебремајкл, тврди дека Еритреја ги обезбедува своите територии за минување на редовните етиопски сили, кои потоа ги напаѓаат нивните позиции. Покрај тоа, тој тврди дека Еритреја извршува артилериски напади врз нивните позиции, но, меѓутоа, овие тврдења во моментов не можат да се проверат, навеудва Тасс.

Scroll to Top