ЕУ го одобри договорот со Фајзер и Бајонтек за вакцина против Ковид-19

пред 3 години

Европската Комисија го одобрила четвртиот договор за набавка на вакцини против Ковид-19, овој пат со фармацевтските компании Бајонтек и Фајзер за начелни 200 милиони дози.

Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

Покрај начелните 200 милиони дози вакцини, побарани се дополнителни сто милиони откако ќе биде утврдено дека вакцината е ефикасна и безбедна, соопштија од Европската комисија.

Комисијата се обидува да “изгради разновидно портфолио“ на вакцини преку договори со главни фармацевтски компании за да може да ги распредели што е можно побрзо штом вакцините бидат одобрени и проверени. До сега се склучени договори со АстраЗенека, Санофи ГСК и Јансен, а во тек се преговори со КјурВак и Модерна.

-Штом бидат авторизирани тие брзо ќе бидат распределени и ќе не приближат до трајно решение за пандемијата, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска.т

Scroll to Top