Египет ја одобри кинеската вакцина против коронавирус

пред 3 години

Египет ја одобри вакцината против Ковид-19 што ја изработи кинескиот фармацевтски гигант „Синофарм“, а вакцинацијата во таа земја ќе започне во јануари, изјави министерот за здравство, Хала Зајед.

Првата пратка на вакцини беше доставена во декември, а се очекуваат понатамошни дози овој месец.

„Втората пратка од оваа вакцина треба да пристигне во втората или третата недела од јануари и веднаш штом ќе пристигне, ќе започнеме со вакцинирање“, рече Зајед, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Според него, Египет планира да купи 40 милиони дози од вакцината на „Синофарм“.

„Египет, исто така, ќе ја добие вакцината на ‘АстраЗенека’ и Оксфорд во третата недела од јануари“, посочи Зајед додавајќи дека во тек се преговори со „Фајзер“.

Scroll to Top