Кина одобри уште една вакцина против коронавирус

пред 3 години

Компанијата „Синовак Биотех“ соопшти дека кинескиот регулатор на лекови ја одобрил вакцината „КоронаВак“ за општа употреба.

Тоа е втора вакцина против Ковид-19 одобрена за општа употреба во Кина откако во декември лани беше одобрена вакцината изработена од Институтот во Пекинг во соработка со Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм).

Двете вакцини се веќе дел од кинеската програма за вакцинација која главно е насочена кон групите кои се најмногу изложени на вирусот.

„Индонезија, Турција, Бразил, Чиле, Колумбија, Уругвај и Лаос гарантираа итно одобрување на вакцината ‘КоронаВак’“, соопштија од компанијата.

Се очекува за една година да бидат произведени милијарда дози од вакцината „КоронаВак“.

Scroll to Top