ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.

„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе започне во текот на месецов. Со забрзувањето на испораката, „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки, пропорционално на населението.

Фон дер Лајен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информационата РНК, нова технологија која ја докажа својата вредност.

„Сега влегуваме во преговори со „Бионтек/Фајзер“ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година”, рече претседателката на Комисијата.

Scroll to Top