Жена бодеше со нож во швајцарски маркет, полицијата не исклучува мотивот да е терористички

пред 3 години

28-годишна жена нападнала две други жени попладнево во супермаркет во швајцарскиот град Лугано, објави регионалната полиција, која не исклучува „терористички мотиви“ за нападот.

Една од жртвите е сериозно повредена, но нејзиниот живот не е во опасност, додека втората има полесни повреди, соопшти полицијата.

Според првите елементи на истрагата, напаѓачката се обидела да ја задави едната од двете жени со рацете, а со нож ја ранила втората во вратот.

Другите клиенти во супермаркетот успеале да ја совладаат, а жената потоа била уапсена.

Регионалната полиција нагласи дека „не ги исклучува терористичките мотиви“, прецизирајќи дека работи на случајот заедно со полицијата на Швајцарската конфедерација и локалната полиција на Лугано.

Scroll to Top