Карантин од седум дена за сите што влегуваат во Грција

пред 3 години

Покрај потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.

Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

За сите патници од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен рапид тест по пристигнувањето, а по истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест.

Scroll to Top