Земјотрес ја погоди северна Италија, потресот почувствуван и во Хрватска

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди северот на Италија, а беше почувствуван и во Хрватска, од Истра до Задар. Епицентарот бил на 22 километри од Верона.

По земјотресот, околу 14 часот, со интензитет од 3,4 степени, следел посилен потрес со јачина од 4,4 степени. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистриран е земјотрес со епицентар од 22 километри од градот Верона на длабочина од девет километри.

Scroll to Top