Казна за Фејсбук од седум милиони евра во Италија

пред 3 години

Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра за недоволно информирање на корисниците за тоа како би ги користеле нивните приватни податоци.

„Фејсбук не ги информираше доволно корисниците кои отворија профили како ќе се користат нивните податоци“, соопшти италијанската Агенција за конкурентност.

Социјалната мрежа не ги спроведе мерките воведени од регулаторот во 2018 година.

Според Агенцијата, информациите обезбедени од Фејсбук за корисниците биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивни податоци ќе се користат за рекламирање, а кои за персонализација на платформата на Фејсбук, на пример за полесно пребарување на други корисници.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека мерките од 2018 година не биле спроведени, бидејќи жалбената постапка против нив сè уште трае.
Тој додаде дека компанијата инаку ги сменила условите за употреба за да стане појасно на кој начин ги користи податоците.

Scroll to Top