Кина ги отфрли критиките на разузнавачкиот сојуз „Пет очи“ во врска со Хонг Конг

пред 3 години

Кина ги отфрли критиките на разузнавачкиот сојуз „Пет очи“ во врска со политиката на Пекинг кон Хонг Конг. Пекинг го повика сојузот да ја прифати реалноста дека поранешната британска колонија веќе е вратена во Кина.

Портпарол одговори на пораката до Хонг Конг од САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд, кои се дел од сојузот „Пет очи“.

– Не е важно дали имаат пет очи или десет очи, ако се осмелат да му наштетат на кинескиот суверенитет, безбедност и интереси, тие мора да бидат свесни дека нивните очи ќе бидат прободени и ослепени, предупреди портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, на редовниот брифинг.

Министрите за надворешни работи на петте земји објавија дека новата одлука на кинеската влада, со која беа дисквалификувани четворица продемократски пратеници во Хонг Конг, се чини дека е дел од организирана кампања за затворање на устата на сите критички гласови.

Scroll to Top