Коронавирусот веќе не мутира толку брзо

пред 3 години

Велика Британија треба да ја прекине опсесијата од новите варијанти на коронавирусот затоа што вакцините можат да ги запрат, иако не го убиваат вирусот целосно, изјави денеска шефот на тимот од Оксфорд што ја направи вакцината, Ендру Полард, додека професорката Шерон Пикок, која работи за британската Влада, вели дека коронавирусот веќе не мутира толку брзо.

Професорката Пикок од Универзитетот во Кембриџ, која го предводи Ковид геномскиот конзорциум на британската Влада, вели дека вирусот можеби достигнал стагнација во мутацијата и дека тој повеќе не се менува толку брзо.

Таа вели дека се појавуваат помалку нови мутации и дека вирусот покажува „отстапување од еволуцијата“, во која различните мутации почнуваат да изгледаат слично.

Иако мутациите на вирусот се појавуваат случајно, единствените што преживеале се посилните мутации.

Професорката Пикок додава дека е можно коронавирусот да ја достигнал својата оптимална сила и да престане да развива мутации, бидејќи веќе не може да се подобрува.

Досега низ светот се појавија британски, бразилски, нигериски, јужноафрикански, њујоршки и калифорниски мутации на коронавирусот.

Scroll to Top