Летово 60 отсто од луѓето во светот веќе ќе бидат имуни на коронавирусот, пресметале руските имунолози

пред 3 години

Според пресметките на имунолозите од Русија, до летово 60 отсто од жителите на планетата ќе се стекнат со имунитет на Ковид-19, што ќе овозможи во август да се вратиме на нормалниот живот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека имунитетот ќе биде стекнат по природен и по вештачки пат, во вториот случај мислејќи на вакцините и имунизацијата што се одвива во повеќето земји.

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, во светот се инфицирани околу 105,8 милиони луѓе, а регистрирани се околу 2,3 милиони смртни случаи.

Scroll to Top