Лажна бомба испратена во британска фабрика за вакцини која произведува 300 милиони дози годишно

пред 3 години

Еден човек е уапсен откако испратил сомнителен пакет до фабрика за вакцини во велшкиот град Врексхем.

Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам е приведен во Кент, објави Би-би-си.

Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на настанот.

Полицијата додаде дека станува збор за лажна направа, а од фабриката велат дека тревогата не го прекинала производството на вакцината од „Астразенека“.

Фабриката има капацитет да произведува околу 300 милиони дози годишно, а Колинс ќе се појави на суд на 26 февруари.

Scroll to Top